10/02/2025
ПОП АП МАРКЕТ ЗА ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ 💘🎁
СРЕДА 12.02.2025, 16:00 - 21:00 ⏰
Лаб дизајн маркет ве поканува продажна изложба по повод денот на вљубените.
Покрај нашата заедница од дизајнери и занаетчии со производи на попуст и нови колекции за прв пат на овој настан, Лаб дизајн маркет ја проширува понудата со нови имиња и поканува брендови, изработувачи и занаетчии.
На настанот за првпат ќе може да ги запознаете новите брендови кои месецов ни се приклучија во Лаб дизајн маркет - Гордана Ристова и Wax&Wick.
Искористете ја оваа прилика да пронајдете уникатни подароци за претстојниот празник и да го поддржите локалното занаетчиско и дизајнерско производство.
Изберете локален производ, поддржете ги малите бизниси.
Купувајте внимателно, одберете квалитет! 🛍️
Отворање:
Среда 12 февруари 16:00 со музика од диџеј Ноид, специјални коктели и пијалаци