22/03/2026
Свесната мода не е само личен избор – таа е колективна мисија. 🌏
Секоја земја и регион во светот се погодени на различен начин од сегашниот глобален моден систем,
но постојат многу заеднички предизвици и решенија што нè поврзуваат.
Реформирањето на модната индустрија бара градење мостови, споделување знаење и соработка кон заедничка визија.
Оваа година, Неделата на модната револуција го враќа фокусот на колективот – да застанеме обединети како еден глас, како глобално движење присутно во над 80 земји.
Ги повикуваме граѓаните повторно да ја препознаат својата поврзаност – со различните перспективи, со облеката што ја носат, со традиционалните текстилни практики и едни со други, без разлика каде се наоѓаат во светот.
Силата на заедницата може да ја придвижи револуцијата – од индивидуализам кон споделено искуство. ✊🏻
Бидете дел од глобалната кампања за чиста, безбедна, фер, етичка и транспарентна модна индустрија.
Бидете дел од револуцијата.
Пронајдете го вашиот национален тим и приклучете се на , од 22 до 28 април 2026 година.📣