Folkloren Ansambl,,Glasoecki Sobor"- Dolni Polog

Folkloren Ansambl,,Glasoecki Sobor"- Dolni Polog Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Folkloren Ansambl,,Glasoecki Sobor"- Dolni Polog, Tearce.

Изучување и афирмација на македонскиот фолклор и традиција. Зачувување на материјалното и нематеријалното културно наследство на македонскиот народ. Афирмација на гласоечкото пеење од Долни Полог.

Редовна проба, подготовки.🎶🕺💃
15/05/2026

Редовна проба, подготовки.🎶🕺💃

29/04/2026
🕺💃 УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ💃🕺Фолклорен ансамбл „Гласоечки собор“Со игра, песна и љубов кон фолклорот и традицијата – стани д...
08/02/2026

🕺💃 УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ💃🕺

Фолклорен ансамбл „Гласоечки собор“

Со игра, песна и љубов кон фолклорот и традицијата – стани дел од нашето фолклорно семејство ❤️

📍 Локација: ОУ „Гоце Делчев“ – Тетово
🗓️ Термини: Секој Петок
🕖 Време: 19:00 часот
⏳ Уписите траат до: 13.02.2026 година

📞 Контакт и информации: 070 / 231 / 490 - Бобан Трпковски

Традицијата и фолклорот живеат преку нас! 🇲🇰✨

06/01/2026

Бадник и Божиќ од аспект на традицијата и фолклорот во Долни Полог, адети, обичаи и начин на празнување

На 6 Јануари рано изутрина домаќинот одел во шума да исече Б'дник (дабово дрво). Со ова дрво се кити целата куќа, но исто така се пали и едно гранче во огништето после бадниковата вечера како што се сили и гори бадникот, така требало и да предизвика напредок во куќата, изобилство во бериќетот и стоката. Сечењето на бадникот потекнува, оттаму кога витлеемските овчари исекле во шумата гранки и ги однеле во пештерата, запалиле оган за да се греат Исус и Пречистата Дева. Кога домаќинот се враќал од шумата заедно со домаќинката земал јаже и ги обиколувале кокошките, се правел отвор од песок и пченица се зарануале кокошкете за да бида свите на куп заедно и да не бегаат у комшиете, за време на овој обичај домаќинката трипати извикуела фиљан комшија ,,Вашите кокошке у вас, нашите у нас. Како и во другите краеви на Македонија така и во овој регион се изведуваат обичаите под маски. Вечерта на Бадник се собираат машки членови од селската заедница и се маскираат у Б'дњи бабе (со алишта свртени наопаку, кожуф, ѕвонци и клопотарци, исцрнети лица, стапоој-мотке, слама уврзана на ногете) суштината е да се донесе опша благосостојба, изобилие на храна и истерување на злите сили. Вака маскирани го обиколуваат целото село при што собираат одредени дарови како костени, ореви, ракија, вино, јабуке итн. Неизоставен дел на Бадник е и посната трпеза под која се става слама, која се состои од погача, грав, риба, сарма, тиква, костени, орае, јабуке и многу други посни јадења. На вечерата кога ќе седнеле старите и децата на трпезата ги одврзуеле опинците и ги треселе нозете под трпезата имитирајќи ги кокошките, јагнињата, јарињата со цел тие да се множат, старите извикувале ,,руба", ,,руба", а пак децата ,,пиу", ,,пиу". Трпезата не се раскревала преку целата ноќ се до изутрината на Божиќ со верување дека ќе дојдат нивните предци и Господ да се нагостат. Утрото на Божиќ домаќинот и домаќинката одат на нива со преостанатото тесто за леб за да го заранат јемижот (дрвјата). Мажот му се обраќа, односно му се заканува на дрвото ,,ќе раѓаш или да те сечем", а домаќинката одговара ,,немој да ме сечеш ќе раѓам" и така трипати. Потоа се замачкува дрвото со тесто и се врзува слама на дрвото која ја означува сламата во јаслите каде се родил Исус Христос. Познато за овој празник се и т.н. ,,Ракијџие" или ,,Ракијари" кои оделе на гости од куќа во куќа каде јаделе и пиеле греана ракија и вино со пеење на гласоечки песне. На денот на Божиќ откако ќе се оди на причест и на литургија и кога ќе се завршат сите адети и обичаи селаните се собирале на заеднички собор каде се прославувало со песни и ора, најпрвин на оро се фаќале беќарите, па дејкете, а најнакрај од кога ќе се затемни на оро се фаќале и ракијарите често поднапиени.

Среќна и бериќетна новата 2026 година! 🎇✨Со почит, ФА ,,Гласоечки собор" 🇲🇰🕺💃
01/01/2026

Среќна и бериќетна новата 2026 година! 🎇✨
Со почит,
ФА ,,Гласоечки собор" 🇲🇰🕺💃

На 27.12.2025, во дом на култура Тетово нашиот ансамбл имаше можност да настапи со фрагмент од кореографијата ,,Свадба" ...
29/12/2025

На 27.12.2025, во дом на култура Тетово нашиот ансамбл имаше можност да настапи со фрагмент од кореографијата ,,Свадба" на вториот годишен концерт на нашите пријатели и соработници КУД Шара -Тетово.

Address

Tearce
1200

Telephone

+38970231490

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Folkloren Ansambl,,Glasoecki Sobor"- Dolni Polog posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Folkloren Ansambl,,Glasoecki Sobor"- Dolni Polog:

Shortcuts

Share