09/05/2026
Силниот дизајн не е за секого.
И не треба да биде.
Во нашиот асортиман постојат парчиња што бараат став, карактер и личен печат.
Силвана, битолчанка и универзитетска професорка, е токму таква жена.
Жена со стил кој не се копира туку се препознава.
При нејзината неодамнешна службена посета во прекрасниот Котор, Црна гора, таа одбра да ја носи нашата мејнстрим кошула од колекцијата „Б У К В И“, отпечатена со носталгичните стихови на „Т’га за југ“ од Константин Миладинов.
Ја искомбинира со макси сукњата со карнери, парче што до вчера немаше име
Од денес, таа е „Алафранга“.
Името дојде спонтано, речиси телепатски.
Затоа што оваа комбинација нè врати во едно друго време, во Битола од почетокот на минатиот век, кога по Широк Сокак чекореле конзули, а градските дами го следеле ветерот на европската мода.
Во тој урбан и космополитски контекст се појавува поимот „алафранга“ не само како мода, туку како начин на живеење. Тивка, но јасна промена во општествениот ритам.