28/07/2026
RED HOT - новите 3/4 🟧 карго бермуди
Конструирани од голем број поединечни делови, каде секој шав, секој џеб и секој пресек има своја функција.
🔸Полуеластичен појас на задниот дел за поголема удобност, а класичен појас со копче и патент напред за чист изглед.
🔸Поширок кутел и анатомско засилување на задниот дел, што овозможува поголема слобода на движење и значително поголема издржливост.
🔸Два длабоки предни коси џебови.
🔸Два големи задни џебови со посебно обликувана форма, двојно зашиени за поголема цврстина … и gear loop со препознатливиот портокалов 3/4 🟧 детал.
🔸Два пространи странични карго џебови со капаци кои се затвараат со чичак лепенка… обезбедуваат голем простор за носење.
🔸Широки ногавици и релаксирана силуета која не стега и овозможува природно движење.
🔸Двојно и декоративно прошивање на критичните места за поголема издржливост и препознатлив индустриски изглед.
🔸Памучен кепер со печена перманента боја. Ткаенина која ја задржува формата и е наменета за долгогодишно носење.
Достапни се во еднобојна маслинесто-кафеава боја и во две камуфлажни комбинации.
Ова е карго модел што е конструиран да функционира, да трае и да се носи без ограничувања.