Нашиот асортиман вклучува широк избор на обувки за мажи, жени и деца, како и голем избор на модни додатоци.
Бидејќи секој потрошувач има свои уникатни потреби и желби, нашата мисија се заснова на одговарање на барањата на потрошувачите и градење на односи засновани на взаемна доверба. Водени од идејата да бидеме различни и подобри, се обидуваме да ги изненадиме нашите потрошувачи со најразновидни
модели на чевли, од едноставни до екстравагантни.
Се заљубуваме во обувките, ни го менуваат расположението, зборуваат за стил и став. Затоа Даниела тренд е ваш сигурен партнер!
Причината за нашето постоење е вашата доверба и задоволените очекувања.
Сакаме да чекорите сигурно и смело и заедно да креираме чекори кои водат кон подобра иднина.
Изберете го вистинскиот модел за вас и останете во тренд.