01/02/2023
Oд 11 - 14ти февруари
Љубовен БАЗАР во Skopje City Mall.
Се гледаме 😍
❤️ Пронајди го совршениот подарок за Денот на вљубените во Сити Мол❣️
Во пресрет на Денот на вљубените од 11 до 14 февруари Скопје Сити Мол организира голем Љубовен базар на уникатни современи уметнички творби, кои рачно ги имаат изработено мајстори - креативци. Повеќе од 20тина индивидуалци, “artisans” – уметници и 19 брендови ќе ги претстават своите најнови и оригинални производи.
❤️♥️ Oвие четири денови, посетителите ќе можат за своите љубени да купат автентични производи од: ⭐️ Monkdolls - љубовни спомени во рамка; ⭐️ Шарено ќоше - рачно насликана керамика и уникатни дизајни со персонализирани подароци; ⭐️ Кожарска работилница Хорват - рачна изработка на производи од природна кожа, ⭐️ Атеље Марта Пејоска - сребрена езерска приказна прелеана во филигран; ⭐️ Преплет – дизајн студио препознатливо по уникатни фрази испишани на кирилица; ⭐️ IGNIS.Creative – деликатни восочни фигури; ⭐️ Ленка - рачни везови на иновативен начин; ⭐️ Номад Студио - еколошки производи со современ дизајн; ⭐️ M&M Luxury soap bouquet – ароматизирани сапуни дизајнирани во форма на цвеќиња и чоколадни бомбони; ⭐️ Marcy’s handmade - шарени приказни во форма на накит за сонувачи и храбри луѓе; ⭐️ Индиго тату студио – со тетовирањето нештата ги претвораат во вечност за да не бидат заборавени; ⭐️ Wanderlust - смели керамички дизајни; ⭐️ Елена Ристовска – накит кој е синтеза на знаење и творечка вештина; ⭐️ Woodyz - дрвени пеперушки и целосна палета на модни додатоци за мажи и жени; ⭐️ креативно студио Алегра - уникатен спој од графички дизајн и рачна изработка, ⭐️ MORPHO - филигрантска умешност испреплетенa во современ накит; ⭐️ Атеље Сиена - испреплетени креативни приказни на мајка и ќерка, преточени во накит, ⭐️ Блумен и Арт 2005 – цвеќара која аранжманите со цвеќе ги претвора во уметност и ⭐️ Vincinni - слатко љубовно задоволство. ❤️♥️