Издавачка куќа Светулка

Издавачка куќа Светулка Литература за деца

Овој викенд одиме во Битола. Одамна не сме биле а овој пат одиме со саемски цени на Саемот на книга „Светот во страници“...
13/08/2026

Овој викенд одиме во Битола. Одамна не сме биле а овој пат одиме со саемски цени на Саемот на книга „Светот во страници“, во организација на НУ Универзитетска Библиотека - Св. Климент Охридски - Битола, во рамките на БИТ ФЕСТ 2026.
Таму сме од 14 до 17 август 2026 година, под платото на Народниот театар - Битола.
Дојдете по најубавите книги за деца со саемски попуст.
За купени 5 и повеќе добивате уште 10% попуст🤩

„Сѐ убаво што постои на светов, создадено е од љубов.„Трето издание на „Бакнежи на небото“- изборна лектира за второ одд...
07/08/2026

„Сѐ убаво што постои на светов, создадено е од љубов.„

Трето издание на „Бакнежи на небото“
- изборна лектира за второ одделение

Охридска промоција на „Само уште еден скок“, романот за животот, безусловната љубов, минливоста, загубите, но и за надеж...
28/07/2026

Охридска промоција на „Само уште еден скок“, романот за животот, безусловната љубов, минливоста, загубите, но и за надежта, човечноста и одговорноста кон светот што го оставаме зад себе.
Ви благодариме за поддршката на сите што направивте оваа вечер да биде вака магична.
❤ за вашата професионалност

Сонот на Месечко или разиграниот ден на Сончко. Што е поинтересно? 26 јули (недела) во Лапидариум во 19 00 часотВе чекам...
26/07/2026

Сонот на Месечко или разиграниот ден на Сончко. Што е поинтересно?
26 јули (недела) во Лапидариум во 19 00 часот
Ве чекаме денес со наострени боички.

Денес (сабота) во 19 00 часот во Лапидариум ќе се дружиме на супер работилница размрдана, распеана и насмеана. Багзи и Б...
25/07/2026

Денес (сабота) во 19 00 часот во Лапидариум ќе се дружиме на супер работилница размрдана, распеана и насмеана. Багзи и Бувица се во расположение да позираат за секакви ситуации, во сите ќошиња, столчиња, бротчиња, облачиња и што ли уште не. Ве чекаме 😉

Месечко и Сончко. Братче и сестриче. Ден и ноќ. Светло и темно...Уште една промоција со многу убава работилница во Охрид...
18/07/2026

Месечко и Сончко. Братче и сестриче. Ден и ноќ. Светло и темно...
Уште една промоција со многу убава работилница во Охрид со нас. Ќе читаме, зборуваме а потоа ќе го цртаме сонот на Месечко или разиграниот ден на Сончко. А ако Месечко и Сончко имаат уште еден другар, кој би бил? Да му дадеме лик и име...
26 јули (недела) во Лапидариум во 19 00 часот
Ве чекаме со наострени боички.

Багзи и Бувица играат шах; Багзи и Бувица скокаат на трамбулина; Багзи и Бувица возат велосипед што лета; Багзи и Бувица...
17/07/2026

Багзи и Бувица играат шах; Багзи и Бувица скокаат на трамбулина; Багзи и Бувица возат велосипед што лета; Багзи и Бувица јаваат змеј; Багзи и Бувица играат фудбал со вонземјаните; „Багзи и Бувица се на одмор во Охрид“.....
Извлечи си изненадување и нацртај. Најзабавната работилница ја закажуваме за 25 јули (сабота) во 19 00 часот во Лапидариум. Промоција со работилница заедно со Vladimir Lukash и Ivanka NiBa на сликовницата Багзи и Бувица.
Ве чекаме во ЛАПИДАРИУМ во сабота

Луѓето мислат дека тие ги избираат кучињата.Но понекогаш... кучето е тоа што го избира човекот.Што би ви раскажало едно ...
16/07/2026

Луѓето мислат дека тие ги избираат кучињата.
Но понекогаш... кучето е тоа што го избира човекот.
Што би ви раскажало едно куче кога би можело да го раскаже целиот свој живот? Што ако ви раскаже за светот што одамна сме заборавиле да го гледаме – без маски, без предрасуди и без страв. Свет во кој времето не се мери со часовници, туку со чекања. Во кој среќата не се брои во успеси, туку во заеднички прошетки. И во кој љубовта никогаш не се доведува во прашање. Низ неговите очи се отвораат теми за домот и радоста, за стравот и довербата, за безусловната љубов и загубата, за љубовта кон другите суштества, уништувањето на природата и нашата одговорност кон светот што го оставаме зад себе.
„Само уште еден скок“ е приказна за сите нас. И за сите оние навидум обични денови што подоцна стануваат нашите највредни спомени.

24 јули (петок) 19 30 часот The HarbouR Club Охрид

ВАЖНО!!!
Наместо цвеќе, ВЕ МОЛИМЕ, донирајте за куќата во која се спасуваат бездомни животни на сметка 210-501570313067
ВИ БЛАГОДАРИМЕ

🌊 Викенд исполнет со промоции, дружење и работилници во Охрид! 📚✨Од 24 до 26 јули ве очекуваме со три прекрасни книжевни...
14/07/2026

🌊 Викенд исполнет со промоции, дружење и работилници во Охрид! 📚✨
Од 24 до 26 јули ве очекуваме со три прекрасни книжевни промоции во Охрид.
Викенд агенда:
📖 24 јули - Само уште еден скок - промоција и разговор
📖 25 јули - Багзи и Бувица - промоција и работилница
📖 26 јули - Месечко и Сончко - промоција и работилница

Наскоро детали за време и место

Address

Hristo Smirnenski 30
Skopje

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Издавачка куќа Светулка posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Издавачка куќа Светулка:

Shortcuts

Share