Детски обувки K&K

Детски обувки K&K Нашите Детски обувки, Патики, Сандали, Топлинки, Папучи, Чизми можете да ги најдете во Сити Мол.

На што треба да внимаваме при изборот на детските обувки?
По возбудата од првите чекори на бебето, доаѓаат нови предизвици. Ако вашето дете веќе оди стабилно и го надраснало времето за бебешки проодувалки, тогаш е време за детските обувки! Тие му даваат чувство на стабилност и самодоверба на секое дете да трча, да скока и да игра надвор. Квалитетните обувки за бебиња им помагаат на нозете да се за

јакнат и поцврсто да чекорат на различни површини - камења, песок, дури и шумски патеки или улички во паркот.
Помогнете му на вашето дете да го открие светот околу него со вистинските обувки! Тие се неговата поддршка, но и неговата трамболина кон светот на големите. Правилниот избор на првите обувки е исклучително важен за здрав развој на секое дете. Секако, најдобро е децата да одат боси, но тоа не може да се случува постојано, особено надвор. Тогаш им требаат безбедни обувки за да ги заштитат своите стапала!
Кои се најдобрите први обувки?
Потребни ви се првите детски обувки со кои детето навистина може да се движи надвор, а не само да се вози во количката, откако тоа ќе почне да оди самостојно. Соодветните обувки треба да се флексибилни. Тие мора да бидат изработени од материјали кои дишат и не смеат да содржат пластика.
Препорачливо е да купите обувки кои се по долги 7-10 мм од стапалото на детето. Задожително треба да ги измерите на двете нозе, бидејќи во овој период не е невообичаено едната нога да биде различна по големина од другата. Само вистинските обувки за малите дечиња, можат да помогнат во подобрувањето на рамнотежата, држењето и координацијата на детето, затоа не правете компромиси за нивниот квалитет. Запомнете дека најважната работа при изборот на обувки тие да бидат удобни и функционални.
На што да внимавате при избор на обувки за малите дечиња?
Постојат неколку основни критериуми кои обувките за малите дечиња, мора да ги исполнуваат за да бидат што е можно побезбедни за нивните кревки стапала.
● Детските обувки треба да одговараат совршено на стапалото - и во должина и ширина.
● Тие мора да имаат флексибилен ѓон, што истовремено обезбедува стабилност и добра амортизација на разни површини.
● Детските обувки треба да нудат силна поддршка, бидејќи вашите мали деца сеуште се нестабилни и лесно паѓаат.
● Важно е детските обувки да бидат, меко обложени на петицата и околу глуждот, за да се минимизира триењето на стапалото во чевелот.
● Најдобро е детските обувки да бидат изработени од материјали кои дишат - природна кожа или микрофибер, кои го намалуваат потењето.
● Безбедното прицврстување, да биде прилагодливо, многу е важно за безбедноста на детските стапала. Тие не треба да се лизгаат од стапалата додека детето се движи.
● Запомнете дека коските во нозете на вашето дете сеуште се развиваат во оваа фаза. Добро е кај детските обувки да имате мало растојание помеѓу палецот и предниот дел на обувката.
● Детските обувки треба да се зајакнати во предниот дел за да ги заштитат нежните прсти но исто така во делот кај петата.
Како да знаете дали сте ги одбрале вистинските детски обувки ?
Ако веќе сте купиле детски обувки, но се уште не сте сигурни дали сте направиле вистински избор, има неколку дефиниции кои ќе ви погонат да дознаете каков избор сте направиле.
● Детските обувки не треба да оставаат траги на стапалата по носењето, што значи дека се премногу мали.
● Црвенило на кожата - може да се појави помеѓу прстите, околу сводот или глуждовите, тоа значи дека детските обувки, можеби се изработени од неквалитетни материјали.
● Проблеми со ноктите - Ако забележите воспаление или промена на бојата на ноктите на нозете, веднаш променете ги детските обувки, бидејќи не треба да предизвикуваат никаква иритација.
Колку често треба да ги менувате детските обувки?
Бебешките стапала растат брзо, затоа измерете ги стапалата на вашето дете на секои 6-8 недели. Секоја година, до 4-та година од животот, стапалата на дечињата можат да растат за најмалку два броја. Се разбира, се е строго индивидуално и растот не е секогаш рамномерен. Подгответе се дека ќе ви требаат неколку пара детски обувки годишно. Сепак, важно е да не се прави компромис за нивниот квалитет, бидејќи токму во овој период на децата им е потребна најголема поддршка за правилен раст и развој. Соодветните обувки ќе им помогнат на децата да растат здрави и да спречат какви било проблеми во иднина.
Детските обувки K&K
Детските обувки, создадени од специјалистите на „Колев и Колев“, овозможуваат слободно движење. Тие го обезбедуваат потребното ниво на поддршка и ги штитат меките и кревки детски стапала.
Детските обувки им овозможуваат на децата да ја почувствуваат земјата под нозете, истовремено заштитувајќи ги од неизбежното сопнување и паѓање. Тие им помагаат да се движат природно и да го истражуваат светот околу нив, без разлика дали се во градинка, во парк или во шума.
Еве ги главните карактеристики на детските обувки кои се под брендот K&K
● Направени се од природна кожа и современи високотехнолошки материјали.
● Горниот дел од детските обувки е исклучително отпорен на надворешни влијанија, благодарение на зајакнатиот дел во пределот кај прстите.
● Тие имаат гумен ѓон што го намалува лизгањето.
● Детските обувки се облошени со материјали кои дишат, кои овозможуваат на нозете да останат суви и здрави.
● Влошките на детските обувки апсорбираат влага и обезбедуваат дополнителна мекост.
● Детските обувки се карактеризираат со брзо и лесно прицврстување - со каишки со тока, патенти, каишки со лепенки,врвки. Ова не, само што им го олеснува на родителите процесот на облекување, туку ги стимулира децата да преку игра облечи - соблечи се научат самостојно да ги облекуваат обувките.
● Малите стапала се чувствуваат пријатно во детските обувки и поради нивниот широк преден дел. Дава простор околу прстите да растат и да се развиваат слободно.
● Детските обувки имаат мека јака на глуждот.
● Нивните ѓонови се исклучително флексибилни и меки, благодарение на вградениот систем Flexi Step. Овозможува стапалото да се развива природно, истовремено обезбедувајќи му ја потребната стабилност.

📢Искористи -20% ПОПУСТ на гумената колекција! 🏖 Rider, Ipanema, Zaxy, Cartago 👣💥 Не прави компромис помеѓу стилот и удоб...
13/07/2026

📢Искористи -20% ПОПУСТ на гумената колекција!
🏖 Rider, Ipanema, Zaxy, Cartago 👣💥
Не прави компромис помеѓу стилот и удобноста.
Посетете не во 📍Сити мол или 📍Рамстор мол!
Нарачај ги тука 👉 https://k-k.mk/category/gumeni-sandali

Што е БОА?Иновативно решение за лесно прицврстување со механизам што ротира слично како БОА.Овие спортски сандали се:-Се...
12/07/2026

Што е БОА?
Иновативно решение за лесно прицврстување со механизам што ротира слично како БОА.
Овие спортски сандали се:
-Сега се на попуст од -30%
- Удобни
- Флексибилни
- Лесни за облекување
- Ги штитат прстите
Погледнете тука 👉https://k-k.mk/category/detski-sandali

📢 -20%  Сандали, апостолки, папучи од Rider, Ipanema, Zaxy,  имаме за дечиња од најмала возраст, тие се дизајнирани да д...
11/07/2026

📢 -20% Сандали, апостолки, папучи од Rider, Ipanema, Zaxy, имаме за дечиња од најмала возраст, тие се дизајнирани да донесат удобност и стил уште од првите чекори. 👣🌈
✔Детето удобно ќе оди на плажа без да се грижи дали ќе изгори или ќе згазне на нешто остро.
🏊‍♀️🏖 Тоа му овозможува на детето да ужива во летото.
🌞 Летото полека но сигурно, ни буди убави спомени!
Разгледајте ја нашата понуда тука 👇
https://k-k.mk/category/gumeni-sandali

Дали ги проверивте нашите шарени топлинки?За малите палавковци дома.Со насмевка од еднорог или јаготки.Слатки диносаурос...
06/07/2026

Дали ги проверивте нашите шарени топлинки?
За малите палавковци дома.
Со насмевка од еднорог или јаготки.
Слатки диносауроси или футбалска топка.
Погледнете ги тука 👉 https://k-k.mk/category/detski-toplinki

Ѕирнете во нашите продавници во 📍Сити мол 📍Рамстор мол како и онлајн на k-k.mk🏃‍♀️ Обезбедете ја удобноста на малечкото ...
05/07/2026

Ѕирнете во нашите продавници во 📍Сити мол 📍Рамстор мол како и онлајн на k-k.mk
🏃‍♀️ Обезбедете ја удобноста на малечкото со сандали од ПЛУТЕНО ЃОНЧЕ од „K&K“! 🌞 Најдобрите пријатели во летните игри!
✅ Лесни се, со кожна влошка и регулација со тока или лепенка. 🌈 Совршен избор за луди авантури на отворено!
Гарантирано! 😍 Детето ќе се заљуби во нивните забавни дизајни! Одберете помеѓу 🦖 диносауруси, 🦄 еднорози, 🦋 пеперутки или ✨ ѕвезди!
Разгледајте ја целата понуда на сандали тука 👉 https://k-k.mk/category/detski-sandali

🏖 Сандали, апостолки, папучи од Rider, Ipanema, Zaxy ги имаме за дечиња од најмала возраст, тие се дизајнирани да донеса...
03/07/2026

🏖 Сандали, апостолки, папучи од Rider, Ipanema, Zaxy ги имаме за дечиња од најмала возраст, тие се дизајнирани да донесат удобност и стил уште од првите чекори. 👣🌈
✔Детето удобно ќе оди на плажа без да се грижи дали ќе изгори или ќе згазне на нешто остро. 🏊‍♀️🏖 Тоа му овозможува на детето да ужива во летото.
🌞 Летото полека но сигурно, ни буди убави спомени!
Разгледајте ја новата колекција тука 👇
https://k-k.mk/selection/gumeni-sandali-i-papuchi

01/07/2026

☀️Лето, време е за сандали!⛱️Ако се уште не сте го направиле вашиот избор на сандали за вашите малечки!
Нашата понуда може да помогне во изборот.
Разгледај ги сите модели на сандали тука👇
https://k-k.mk/category/detski-sandali


НОВИ топлинки сo 🍓🌸Розeви детски летни топлинки со јаготки и цветче - создадени за игри и безгрижни денови. Погледнете г...
30/06/2026

НОВИ топлинки сo 🍓🌸
Розeви детски летни топлинки со јаготки и цветче - создадени за игри и безгрижни денови. Погледнете ги новите модели тука👉 https://k-k.mk/category/detski-toplinki

Детските сандали за играње KK во млечно розова, пастелно сива и небесно сина боја ќе бидат достоен пријател во игрите на...
28/06/2026

Детските сандали за играње KK во млечно розова, пастелно сива и небесно сина боја ќе бидат достоен пријател во игрите на вашето мало девојче. 🍥

Со зајакната пета
Целосно изработени од напа кожа
Дизајнирани да ги заштитат прстите
Патирана јака на глуждот
Флексибилен ѓон

За луди летни игри!

Погледнете ги тука 👉 https://k-k.mk/category/detski-sandali

Address

Љубљанска бр. 4 лок. 315А кат-2 Сити Мол
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Детски обувки K&K posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Детски обувки K&K:

Shortcuts

Share

Category