23/02/2026
Клик на линкот!!! Инфо на 075/455952 075/455953 078/455535
https://dinga.mk/vrabotuvame-prodavacka/
Либидо бара продавачка за работа во втора смена 12-20 часот 5 дена во неделата по 8 часа.
Се работи од пед дена неделно. Две саботи се работни. Кога работите во сабота, некој друг ден во неделата ви е слободен по договор со колешките.
Се наоѓаме во центарот на Скопје, спроти фонатаната во градскиот парк.
Работата се состои во услужување на купувачи кои доаѓаат во продавницата како и од примање и изготвување на нарачки за испраќање по Волт или по брза достава.
Кандидатите е потребно да поседуваат
- Елементарно познавање на компјутери и англиски јазик.
- Лична култура и писменост.
Обезбедени се одлични услови за работа и сите законски бенефиции како што се:
- Пријавување од првиот ден и редовна плата секој 1. во месецот.
- Неделен и годишен одмор
- Празници.
- К-15 во висина од 40000 денари
- Во текот на летото, викенд на море, на вториот крак на Халкидики во Никити или Метаморфози со вклучени две ноќевања за 4 особи.
Почетната плата за неискусни вработени е 30000 денари. Во текот на наредните 6 месеци, како што ќе се зголемува искуството на кандидатот, платата ќе оди нагоре до 37000. После тоа платата се зголемува на 40000+
Тимот е составен од млади и ентузијастични луѓе, а работата се одвива во пријатна, нетоксична и позитивна атмосфера со целосно отсуство на мобинг и со почитување на личноста на секој вработен.
Ние сме фирма во која многу внимание посветуваме на индивидуалната среќа на сите вработени.
Доколку сте заинтересирани, ви предлагаме да дојдете во нашата продавница и да видите како работиме како и да поразговарате со нашите вработени кои се во моментот тука и самите тие да ви кажат повеќе околу природата на работата и условите во коишто работат.