07/07/2026
🚲 БАРАМЕ СЕРВИСЕР ЗА ВЕЛОСИПЕДИ
Ако велосипедите се твоја пасија и имаш искуство со сервисирање и одржување велосипеди, придружи се на нашиот тим!
🔧 Главни работни обврски:
• Сервисирање, одржување и поправка на велосипеди
• Склопување и подготовка на нови велосипеди за продажба
• Дијагностика и решавање технички проблеми кај велосипеди и опрема
• Проверка на техничка исправност и безбедност пред испорака
• Грижа за чиста, организирана и функционална сервис зона
• Комуникација со клиенти и давање основни совети поврзани со сервис и одржување
• Сезонска подготовка и сервисирање на ski опрема и скии
✅ Потребни квалификации и вештини:
• Претходно искуство со сервисирање велосипеди и бајк механика
• Добро познавање на велосипедски компоненти и алати
• Способност за самостојна и организирана работа
• Прецизност, одговорност и внимание на детали
• Тимски дух и позитивен пристап кон работа
• Подготвеност за учење нови технологии и техники во бајк индустријата
• Љубов кон велосипедизмот и outdoor спортовите ќе се смета за голема предност
🎯 Што нудиме:
• Работа со премиум велосипедски и outdoor брендови
• Професионална, спортска и позитивна работна атмосфера
• Можност за континуирано техничко усовршување и напредок
• Работа во тим со passion-driven луѓе
• Долгорочна и стабилна работна позиција
• Динамична работа исполнета со различни проекти и предизвици
🚲 Ако сакаш работата да ти биде поврзана со твојата пасија и сакаш секојдневно да бидеш дел од bike културата — те очекуваме во нашиот тим.
📩 Испрати CV на: [email protected]
📍 Локација: Ул. Кирил и Методиј бр.20, Скопје