Со љубов, дизајнирано и изработено.
Од 2011 година, нашата мисија е да ги радуваме припадничките на поубавиот пол со ташни и модни додатоци кои ги дизајнираме и изработуваме со љубов. Специјализирани сме за рачна изработка на ташни. Секоја наша ташна, од идеја до реализација, проткаена е со неизмерна љубов кон модата, дизајнот, деталите, уникатноста...
Се стремиме да создаваме единствени модни
додатоци кои нашите клиенти ќе ги носат со гордост и љубов. Водени од идејата дека нашите клиентки заслужуваат да имат нешто единствено и поразлично, нашите ташни ги правиме да бидат уште попосебни дизајнирајќи за нив уникатни метални токи. Секоја My Lovely Bag тока е изработена според наш дизајн и е рачно обоена. Зашто, онаа кое со раце се работи, со срце се работи.
Кога носите My Lovely Bag, носите дизајн кој е уникатен на светско ниво. Претставувањето на престижната светска модна манифестација, Milan Fashion Week, беше круна на нашето досегашно дизајнирање и креативна работа. Се претставивме на светската публика како нови таленти и добивме прекрасни комплименти. До ова случување и остварување на сонот стигнавмe благодарение на вас кои ги носите и сакате My Lovly Bag, вие кои помеѓу сите ташни ги одбирате баш нашите затоа што ја препознавате љубовта со која се замислени и создадени!
Ви благодариме!
Вие сте нашата инспирација, мотивација и причина за понатамошен напредок! Затоа, носете со љубов, она кое што е и со љубов создадено, токму за вас!