24/10/2013
Успешната реализација на најзначајниот економски, културен и уметнички настан ДЕНОВИ НА МОДА ШТИП 2013 се оствари со ангажираноста на 35 волонтери.
Тимската работа, доброто менаџирање и комуникацијата на организациониот тим и волонтерите овозможија овој настан да се организира во позитивна линија со многу дружење, енергија и динамичност.
Со цел дополнително да се мотивираат и понатаму со ентузијазам да се вклучуваат во активности од овој карактер, во просториите на Општина Штип, Координаторот на проектот Вишна Шорова – Ангелова им додели Благодарници на волонтерите. Таа им испрати порака повторно да учествуваат во вакви проекти, да се стекнуваат со различни знаења и вештини и да бидат мотивирани да се градат како свои личности.
Учеството во Денови на мода Штип 2013, за некои од волонтерите отвори можности за нивен професионален развој. Еден од волонтерите, Ивана Димитрова, доби можност да ја започне својата кариера како модел во модното студио Црнокрак. И посакуваме многу успешни настани и да зачекори на светската модна сцена.